Top Sport

Џошуа: Вајлдер само зборува, а не влегува во рингот

Ентони Џошуа, ИБФ и ВБА шампионот во тешка категорија му прати порака на носителот на ВБЦ трофејот, Дионтеј Вајлдер дека нивниот потенцијален меч ќе биде според „условите“ на Британецот.

28-годишниот Џошуа го совлада Карлос Такам со технички нокаут минатиот месец, додека 32-годишниот Вајлдер го „уништи“ Бермејн Стиверн во една рунда една недела подоцна за да ги „подгреат“ надежите кај боксерските фанови дека наскоро можеме да гледаме меч за обединување на појасите.

Вајлдер по својот меч го обвини промотерот на Џошуа, Еди Херн дека го одложува преговорите за можен меч, и најави дека најверојатен следен противник му е ВБО шампионот Џозеф Паркер. Херн претходно изјави дека Вајлдер треба да боксува еден меч во Британија против Дилијан Вајт за да се „процени“ квалитетот на Американецот. Сега, Џошуа вели дека тој ќе ги диктира условите.

„Ако Вајлдер не прави понуди, тогаш мечот ќе се одржи под мои услови. Ќе му дадеме понуда и ќе видиме што ќе одговорат. Тоа важи само за шампионите во тешка категорија – Дионтеј Вајлдер и Џозеф Паркер. Истата ситуација е со двајцата. Сите велат дека саат да боксуваат и тогаш чекаат јас да ја завршам работата. Ќе одиме во САД и ќе видиме дали се сериозни. Преговорите не се случуваат на социјалните мрежи. Сериозен сум во целта да станам апсолутен шампион и сега тие што се толку гласни треба да влезат во рингот“, изјави Џошуа.

Претходно, Американецот Вајлдер изјави дека Џошуа го избегнува.

„Еди повеќе бега од мене отколку Џошуа. Ако сака да седи дома како некое девојче, кралот нема да има проблем да патува да го нокаутира шампионот. Убаво е да се полнат стадиони, но парите се во Америка“, вели Вајлдер.

Scroll to Top