Top Sport

Докиќ: Не сакав да играм за Србија

Славната тенисерка Јелена Докиќ преку објавувањето на својата биографија предизвика бура на реакции, посебно околу тортурата која ја доживувала од нејзиниот татко Дамир Докиќ.

Сега во интервју за „Би-би-си“, таа открива дека не сакала никогаш да настапува за Србија, и дека сакала да го носи австралискиот дрес, но дека татко ѝ ја натерал на таква одлука.

„Таа одлука не ја донесов јас. Ја сакам Австралија и благодарна сум на земјата која ми даде сè што ми беше потребно кога имав 11 години и дојдов како бегалка. Имав само 17 години и татко ми ме примора да играм за Србија“, вели Докиќ.

Девојката која е родена во Осиек, Хрватска, открива дека во 2008 година откако целата заработувачка му ја препишала на својот татко, си заминала од дома само со еден куфер и со своите рекети.

Однесувањето на Дамир Докиќ беше познато. На САД опен тој за малку ќе предизвикаше тепачка незадоволен од порцијата лосос која ја доби, а во 2009 година помина 15 месеци во затвор поради закана со бомба на австралискиот амбасадор во Србија.

„Луѓето го видоа каков човек е тој. Ќе помислите дека некој ќе дојде до вас и ќе ве праша како сте. Но, тоа не го направи никој. Ги сфаќам медиумите, бидејќи ним им беше смешно и интересно. Тој беше наслов. Не беше забавно тоа што јас бев 15-годишно девојче кое одеше дома со тоа“, додав Докиќ.

Јелена Докиќ: Бев злоупотребувана од мојот татко

 

Scroll to Top