Top Sport

„Доминик Тим е поголем уметник од Новак, Рафа и Роџер“

Коментаторот на „Еуроспорт“, екс-тенисерот Матс Виландер со пофалби за играта на австрискиот тенисер, Доминик Тим. Тој смета дека младиот тенисер игра тенис кој му се чини најдобар досега.

„Тим се држи до планот за игра, порано знаеше да отстапи од тоа. Тој ужива на теренот и може да погоди неверојатни удари. Ако зборуваме за уметничкиот впечаток, тој е подобар и од Новак Ѓоковиќ, и од Рафаел Надал, и од Роџер Федерер“ – рече Виландер.

Тој во продолжение се обиде да го објасни својот став.

„Тим има сила, префинетост и може да погоди неверојатни удар“ – смета тој.

Австрискиот тенисер со години го сметаат за еден од најголемите таленти на светкиот тенис, но досега не успева докрај да ги оправда прогнозите. Се профилираше како добар играч на земјени терени.

Scroll to Top