Австрискиот тениски тренер Гинтер Бресник го обелодени спорот што го има со неговиот поранешен „ученик“, Доминик Тим. Познатиот тенисер само од турнирски награди заработил над 28 милиони евра, а тренерот тврди дека нему му должи 466.612 евра.
„Тоа се само пари, но добро се чувствував на судското рочиште кога судијата рече дека се треба да се разјасни со разговор. Моментно немам никаков контакт со Тим, таков однос не му одговара. Знам дека е правдољубив, но договорите кои се потпишани мора да се испочитуваат. Добар тренер на својот играч му дава она што му треба, а не тоа што го сака“ тврди Бресник.
Инаку споменатиот тренер сега работи со Французинот Гаел Монфис (моментно 11. на АТП листата) за кого смета дека може да направи голема работа на Австралија опен
Првиот годинешен грен слем тениски турнир – АО започнува на 8. овој месец во Мелбурн.