Top Sport

Донација од „Спорт лајф“: КАРИЛ доби два монитора за следење витални параметри,

Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ, денеска доби донација од „Спорт Лајф“, која се состои од два монитора за следење витални параметри со два модула за мерење инванзивен притисок.

-Голема благодарност до компанијата за оваа донација, која е многу важна за работата на медицинскиот кадар, и донација со која значително се подобрува функционирањето на интензивното одделение на КАРИЛ, рече министерот Филипче.

Вредноста на донацијата на „Спорт Лајф“ изнесува од 400 илјади денари или 6.500 евра.

-Овие монитори се важни за нашата работа, најмногу за пациентите на интензивна нега, за активно следење витални параметри без кои не може едно современо интензивно одделение, изјави директорката на КАРИЛ, д-р Маја Мојсова Мијовска.

Двата монитора ја имаат функцијата за следење на виталните параметри на пациентите, мерење крвен притисок, пулс и пулс оксиметрија, инванзивен притисок и ЕКГ. Со оваа донација, се подобруваат условите на КАРИЛ и можноста за следење на здравствената состојба на пациентите.

-„Спорт Лајф“, како општествено одговорна компанија ги поврзува спортот и хуманоста во едно. Особено ни е драго, што во тоа успеавме со акцијата „Голови за победа, голови за радост“, во рамки на Светското првенство во ракомет. Секој гол и успех на нашите ракометари значеше чекор поблиску до реализација на донацијата. Токму денес, имаме чест и да ја доделиме. Тоа се двата монитора за витални параметри кај пациентите, кои во соработка со Министерството за здравство се наменети за клиниката за КАРИЛ. Здравиот живот и хуманоста се дел од нас, дел од спортот и „Спорт Лајф“, потенцираше претседателот на Управен одбор на „Спорт Лајф“ групацијата, Горан Павиќевиќ.

Scroll to Top