Најголемиот фаворит за освојување на златото во спринт, Американецот Кристијан Колмен нема да учествува на Олимписките игри во Токио, Јапонија. Причина за ова е тоа што Колмен за една година трипати одбива да даде примерок од урината за допинг контрола.
Судот за спортска арбитража (ЦАС) ја намали за 6 месеци двегодишната казна на Американецот, па тој ќе може да им се врати на трките дури во ноември годинава.
„ЦАС смета дека суспензија од 18 месеци е казна која одговара кога ќе се земат во предвид сите околности“ се наведува во соопштението.
Колмен, кој на себе ги има истетовирано петте олимписки кругови во 2019 година стана светски шампион на 100 метри со време 9.76.
Останува отворено прашањето поради што тој ги избегнувал допинг контролите, односно дали користел недозволени супстанци.