Top Sport

Допинг-случајот продолжува, Фрум се подготвува за Џирото

Четирикратниот Тур де Франс шампион, Крис Фрум е сè поблиску до настап на Џиро Д’Италија, откако „компликуваниот“ допинг-случај најверојатно нема да биде разрешен пред мај, потврди претседателот на Интернационалната велосипедска унија (УЦИ), Давид Лапартиен.

Тој претходно побара брзо разјаснување на случајот на Фрум, но сега призна дека поради техничките и процедуралните детали, тоа нема да биде брз случај.

„Кога ќе се комплетира? Навистина не знам. Се надевам што е можно побргу, реков пред Џирото, но сега не верувам дека тоа е можно. Случајот има многу технички аспекти и потребно е време. Знам дека сите фанови сакаат резултат, но мораме да го заштитиме кредибилитетот на велосипедизмот“, изјави Лапартиен во интервју за „Газета дело спорт“.

Легалниот и медицински тим на Фрум веќе шест месеци се обидува да најде начин да го објасни нивото на салбутамол во телото на Британецот по победата на Вуелта Еспања минатиот септември, а последните шпекулации велат дека резултатот може да биде припишан на проблеми со бубрезите.

Фрум ги игнорира повиците да не се натпреварувања – возеше на Рута дел Сол (10. место) и на Тирено-Адриатико (34. место).

Scroll to Top