Новак Ѓоковиќ и Гаел Монфис попладнево ќе се борат за пласман во финалето на АТП турнирот, од серијата 500, во Дубаи.
Ѓоковиќ во четврт-финалето го победи Карен Хачанов, а Монфис беше подобар од сонародникот Ришар Гаске.
Двајцата тенисери се наоѓаат во одлична форма, Ѓоковиќ од почетокот на годината има серија од 16 победи, а Монфис имаа 12 победи во низа. Францускиот тенисер од поразот во осмина-финалето на Австралија опен ги освои турнирите во Монпелје и Ротердам.
Досега Ѓоковиќ и Монфис имаат одиграно 16 дуели и сите завршиле со победа на српскиот тенисер. Поради овој податок Монфис со интересна изјава го најави полу-финалето.
„Не знам кој ќе ми биде планот на игра против Ѓоковиќ. Досега има 16 планови и сите ми пропаднаа“, рекол францускиот тенисер.
Дуелот Ѓоковиќ-Монфис, според распоредот треба да започне во 16 часот. Претходно во првото полу-финале ќе играат Дан Еванс и Стефанос Циципас.