Top Sport

Дождот го спаси исфрустрираниот Ѓоковиќ, барем засега… (видео)

Новак Ѓоковиќ беше на чекор од пораз во полуфиналето на Ролан Гарос од Доминик Тим, кога дождот повторно го сопре нивниот меч при резултат 6:2/3:6/7:5/5:7/4:1 за Австриецот.

Дождот се врати во Париз во петтиот сет на двајцата тенисери и при 4:1 водство на Тим во гемови и 40:40 на сервис на Австриецот. Мечот требаше да биде завршен во четврток, но тој ден целосно беше откажан поради силниот дожд. Потоа, вчера, Ѓоковиќ постојано се жалеше на силниот ветер и условите за игра, пред мечот да биде прекинат повторно.

Кога се вратија на теренот во саботата, Тим го освои третиот сет, пред Ѓоковиќ да се врати во четвртиот. Сепак, со два брејка во петтиот сет, минатогодишниот финалист стигна до 4:1 предност, пред дождот да го спаси светскиот број 1.

Ѓоковиќ, повторно беше лут, овојпат на судијата на столче, прашувајќи го дали е свесен каква е ситуацијата на тенисерите на теренот и порачувајќи му дека „си направил име“.

Scroll to Top