Top Sport

Дождот ја диктира програмата на Мастерсот во Рим

Најдобрите светски тенисери и тенисерки поради лошото време не се во можност да ги играат своите мечеви на Мастерс турнирот во Рим.

Турнирската програма денес треба да понуди неколку спектакуларни мечеви, но прашање е дали поради дождот воопшто ќе се игра тенис.

Веројатно е дека организаторите, доколку дождот престане и само на кратко, дека ќе ја отворат програмата, но најавите на метеоролозите не ветуваат нешто такво.

Програмата на централниот терен во комплексот „Форо Италико“ треба да го отворат Роџер Федерер и Жоао Соуза, а по овој меч е закажан дуелот на Рафаел Надал с Жереми Шарди. Програмата на централниот терен треба да ја затворат Новак Ѓоковиќ и Денис Шаповалов.

Покрај најдобрите тројца во светот денес своите мечеви треба да ги одиграат Доминик Тим, Фабио Фоњини, Кеи Нишикори, Хуан Мартин дел Потро, Стефанос Циципас.

Кај тенисерките денешната програма треба да ја отвори шампионската од Мастерсот во Мадрид Кики Бертенс, а мечеви треба да играат и Наоми Осака, Петра Квитова, Слоун Стивенс, Кристина Младеновиќ, Симона Халеп…

foto/epa

Scroll to Top