Близнаците од Украина, Глеб и Вадим Алексенко, доживотно се суспендирани од тенисот и притоа се казнети со парични казни од по 250.000 фунти, поради местење на мечеви и обложување на истите.
Независниот експерт за корупција Ричард Мекларен ги прогласи браќата за виновни, по истрагата што ја спровела Единицата за интегритет во тенисот.
Истрагата покажала дека 35-годишните Глеб и Вадим повеќе пати ги прекршиле правилата во Романија, Германија, Турција и Русија, во периодот од јуни 2015 до јануари 2016 година.
Тие во своите измами вклучиле и трета особа, која била задолжена да уплаќа пари на мечевите на кои играле браќата. Поради тоа тие се доживотно исфрлени од тенисот и при тоа парично казнети со по 250.000 фунти.
Глеб, во моментот кога му е изречена суспензијата, се наоѓал на 1.113 место на АТП листата. Најдбар пласман му бил 497. место во јуни 2014 година. Од друга страна, кога бил суспендиран, Вадим се наоѓал на 1.724. место, а најдобаро пласиран бил во мај 2011 година кога бил 609. на АТП листата.