Top Sport

Драма на летот од Белград: Луѓе повраќаа и врескаа

Ватерполистите на Југ од Дубровник, викендов, играа во регионалната лига играа во Белград, против Нов Белград. На враќање од Белград, во авионот се случувала вистинска драма.

Над Тиват, поради силното невреме, пилотот успеал да слета од вториот обид.

„Многу пати сум летал во животот, но ова што ни се случи вчера никогаш не сум го доживеал. Луѓе повраќаа, врескаа, неконтролирано стануваа од своите седишта, врскаа дека мора да излезат“, изјавил за локалните медиуми, директорот на Југ, Огњен Кржиќ.

„Кога на пилотот му стана јасно дека работите излегоа од контрола, од пистата на која речиси слетавме, повторно го крена авионот. Круѓевме над аеродромот, а во тие моменти невремето го „фрлаше“ авионот. По 30 минути ужас и пропаѓање, започна слетувањето и тогаш авионот го удри гром. Што да ви раскажувам повеќе?“, рекол Кржиќ.

На крајот драмата завршиле среќно.

Scroll to Top