Top Sport

Дрес и хака во чест на Марадона

Рагби репрезентативците на Нов Зеланд на уникатен начин се простија од фудбалската легенда Диего Армандо Марадона.

Нов Зеланд, една од најдобрите светски селекции, во Њукасл, Австралија, во пријателски меч ја пречека Аргентина.

Пред почетокот на мечот и пред традиционално да го изведат воениот танц „хака“, капитенот Сем Кејн на центрот од игралиштето стави дрес на „Ол блекс“, со бројот 10 и презимето Марадона.

Натпреварот на крајот заврши со убедлива победа на Нов Зеланд со 38:0.

 

Scroll to Top