Американецот Кејлеб Дресел постави нов светски рекорд на 100 пеперутка, а неговата сонародничка Реган Смит го собори планетарниот рекорд на 200 метри грбно на светското првенство во Јужна Кореја.
Дресел е прва ѕвезда на Светскоот првенство во пливање, досега тој има освоено три златни медали: 50 метри пеперутка, 100 метри краул и во штафетата 4×100 метри краул.
Американецот во петокот постави нов светски рекорд на 100 пеперутка. Во полу-финалето тој пливаше 49,50 секунди и за 32 стотинки го собори 10 години стариот рекорд на Мајкл Фелпс.
Реган Смит (17) за 71 стотинка го подобри рекордот на 200 метри грбно кој Миси Френклин го постави пред седум години на Олимписките игри во Лондон.
Смит во полу-финалето забележа време 2:03.35 минути.