Томас Дресен приреди едно од најголемите изненадувања во историјата на Светскиот куп во алпско скијање, откако 24-годишниот Германец триумфираше на најпрестижниот спуст на светот, на славната патека „Штрајф“ во Кицбил.
Швајцарецот Беат Фојц стоеше самоуверено на победничкото место гледајќи ја конкуренцијата како скија, и откако минаа главните фаворити, беше изгледно дека тој ќе успее да оствари двојна победа од Венген и Кицбил.
Но, тогаш на патеката се појави Германецот Томас Дресен, момчето кое веќе изненади со првиот подиум во кариерата со третото место во Бивер Крик во ноември, и отскија фуриозно за неверојатна прва победа во кариерата.
Дресен е само вториот Германец со победа во Кицбил, по Јозеф Ферстл, таткото на скијачот Сеп Ферстл, кој победи на супер-џи трката во декември во Вал Гардена. Ферстл Сениор во 1978 година ја подели победата со Австриецот Јозеф Валхер, а во 1979 самиот беше победник.
Дресен има потресна животна приказна што триумфот го прави уште поголем. Во септември 2005 година, кога имаше само 12 години, тој го загуби својот татко и најголем поддржувач Дирк Дресен. Постариот Дресен беше на тренинг во Зелден со јуниори, кога кабелот на ски-гондолата беше пресечен од хеликоптер во инцидент кој одзеде девет животи, вклучувајќи го и тој на Дирк Дресен.
A sorpresa, ecco Thomas Dressen! ?
Il tedesco beffa tutti e vince la discesa delle discese sulla Streif ?#EurosportSCI | https://t.co/yeuDfSfQxW pic.twitter.com/jZrTLKpNx9
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) January 20, 2018