Top Sport

Државно првенство во тенис У-16: Стојановски и Ивановска ги освоија титулите

Филип Стојановски и Катја Ивановска ги освоија титулите на Државното првенство во тенис за тенисери(ки) до 16 години. Стојановски во финалето го победи Амар Хусеиновиќ, додека Ивановска беше подобра од Ивана Милкова.

Филип Стојановски на патот до титулата загуби само еден сет, во полуфиналето од Лука Јанкуловски (7/6, 6/7, 6/0). Претходно тој ги победи Бојан Кировски (6/0, 6/1) и Максим Тренески (6/3, 6/2).

Во финалето Стојановски славеше над Хусеиновиќ со 6/3, 6/4.

Катја Ивановска финалрто во женска конкуренција против Ивана Милковска го доби со 2:0 (7:6(4) 7:5).

Scroll to Top