Top Sport

Два милиони луѓе ги пречекаа шампионите

Филалдефија Иглс се вратија дома. Откако во неделата во Супербоул финалето славеа над Њу Ингланд Петриотс 41:33, новите шампиони со навивачите ја прославија титулата која градот ја чекаше речиси 60 години.

Градските служби поради големата парада ги затворија училиштата, музеите, судовите, административните канцеларии, затворена беше и зоолошката градина.

Во текот на целиот ден „Бад“ обезбедуваше беспатно пиво. На овој начин производителот на пиво го исполни ветувањето кое му го даде на играчот Лејн Џонсон дека ќе обезбеди бесплатно пиво за сите доколку Иглс ја освојат титулата.

Градските служби одбезбедиле бесплатен превоз во текот на целиот ден.

Градоначалникот Џим Кени објави дека на улиците на Филалделфија имало два милиони луѓе и покрај тоа што температурата на воздухот била -1 степен Целзиусови.

Scroll to Top