Top Sport

Две години пауза, три операции на колено, ама Дел Потро не се откажува

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро (32) изјави надеж дека во 2022 година би можел да се врати во тенискиот свет.

Многу талентиран, ама за жал, многу чувствителен на повреди, Дел Потро мораше дури трипати да го оперира коленото, последен пат во март годинава.

Последниот негов меч е уште од јуни 2019 година, против Денис Шаповалов на лондонски Квинс.

„Сакам предизвици, и тениски и оние останатите, а ова ми е најтешкиот меч во животот затоа што се обидувам да се носам со болката“ рече Дел Потро кој најголемиот успех го имаше во 2009 година кога го освои САД опен. Во 2018 година на истиот грен слем играше финале против Ѓоковиќ.

Во кариерата освоил 22 турнири, а има и два олимписки медали, сребро од Рио 2016. и бронза од Лондон во 2012-тата.

Scroll to Top