Чистокрвниот коњ Оушн Беј, еден од најдобрите коњи за трки во овој спорт на брутален начин го завршил својот живот. Тренерот на коњот Рамон Гарсија Москер објавил на „Твитер“ дека коњот најпрвин киднапиран, а потоа убиен на ѕверски начин.
Коњот бил украден во неделата, а наредниот ден бил пронајден убиен. Крадците го заклале коњот и дури изеле некои делови од неговото тело.
„Каков срам. Остатоците од шампионот Оушн Беј конечно се пронајдени. Каква немоќ. Боже!“, порачал тренерот Москер.
Оушн Беј учествувал на 15 трки. Забележал осум победи, три пати бил втор, два пати трет.
Коњот најчесто се натпреварувал на трките во Венецуела.
Siempre en mi corazon CAMPEON???? pic.twitter.com/kTBWjXc2Mr
— ramon garcia mosquer (@RamonRamong26) June 8, 2020