Поранешниот шведски тениски ас, Штефан Едберг кој еден период му беше и тренер на Роџер Федерер раскажа кој меч смета дека е најдобриот во кариерата на легендарниот Швајцарец.
Федерер држи многу рекорди, вклучувајќи и 20 грен слем титули и вкупно 310 недели на првото место на светската АТП листа (237 седмици во низа).
„Во последните 10-12 години имаше три или четири играчи кои доминираа на турнирите. Грен слем трофеите секогаш одат кај Федерер, Надал или Ѓоковиќ и не знам дали тоа наскоро ќе се промени. Интересно е да се гледа нивната борба, но ми се чини дека ќе е подобро ако младите тенисери ја прекинат нивната доминација. Мислам дека финалето на Вимблдон 2019 година меѓу Федерер и Ѓоковиќ е најдобриот меч кој некогаш сум го гледал. Нивото на тенис беше неверојатно. Жал ми е што Роџер не осви уште еден грен слем, но Шоковиќ беше извонреден“ –смета Едберг.