Американскиот атлетичар Девон Ален го постигна третото најбрзо време во историјата на 110 метри со пречки на атлетскиот митинг во Њујорк. 27-годишникот забележа време 12.84 секунди, што е за четири стотинки послаб резултат од светскиот рекорд на Ариес Мерит, поставен на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.
Ален досега двапати се натпреваруваше на Олимписките игри. Во Рио де Жанеиро во 2016 година, го осови петтото место, а во Токио минатата година беше четврти.
Оваа година преку американските квалификации ќе се обиде да обезбеди пласман на СП во Јуџин, кое ќе се одржи наредниот месец.
Интересно е што потоа ќе го промени спортот и ќе се префрли на американскиот фудбал. Имено, тој во април годинава потпиша тригодишен договор со НФЛ тимот Филаделфија Иглс.