Top Sport

Едмунд прв полу-финалист во Мелбурн

Британецот Кајл Едмунд се пласира во полу-финалето на Австралија опен, откако по три часа игра успеа да го победи третиот носител Григор Димитров со 3.1 (6:4, 3:6, 6:3, 6:4).

Едмунд, 49.на АТП листата, уште еднаш потврди дека добро ја темпира формата за првиот Гренд слем и го направи најголемиот успех во кариерата. .

За него ова беше прва победа над некој од Топ 3 играчите во светот.

Агресивната игра му овозможи на Едмунд да го елиминира минатогодишниот полу-финалис Димитров. Британецот направи 46 директни поени, 14 повеќе од Бугаринот, малку повеќе грешеше, но и подобро ги користеше своите шанси за брејк.

Едмунд во полуфиналето ќе игра против победникот од четврт-финалето помеѓу Рафаел Надал и Марин Чилиќ.

Scroll to Top