Top Sport

Едукација и забава за 200 јуниори на „Спорт лајф“

За околу 200 деца и исто толку родители, во организација на „Спорт лајф“, се одржа едукативна и забавна програма во ЗОО паркот во Скопје – „Спорт лајф“ јуниор ден.

Со водич од зоолошката градина, децата на вработените во „Спорт лајф“ обложувалници, имаа можност да се запознаат и да научат интересни работи за животните од целиот свет. Покрај прошетката низ зоолошката градина и едукативниот дел, децата и родителите имаа можност да се забавуваат со многу артисти, жонглери и пантомимичари, а најмалите дечиња од 2-3 годишна возраст, се возеа со вовче низ зоолошката градина.

Воедно, не изостанаа ниту подароците како капи и ранчиња за децата и бесплатни пијалаци во кафетеријата, кадешто повеќечасовниот настан заврши со заедничка дружба на родителите.

„Убавото време и крајот на школската година беа само дополнителен поттик за заедничкото дружење и за незаборавни моменти со нашите најмлади. Видовме среќни и насмеани дечиња, а видливо беше и задоволството на родителите од успешната организација на целиот настан“, истакнуваат од „Спорт лајф“.

Атмосферата беше забележана и преку кратко видео.

Scroll to Top