Top Sport

Егону ја растури Кина, Италија во финалето на светското првенство

Италијанските одбојкарки изборија пласман во финалето и дуел со Србија, во финалето на Светското првенсто во Јапонија. Во второто полу-финале, Италија по голема борба со 3:2 (25:18, 21:25, 25:16, 29:31, 17:15) ја совладаа селекцијата на Кина.

Италијанките и Кинеските одиграа спектакуларен натпревар, кој го обележа неверојатната Паола Егону. Репрезентативката на Италија успеа да освои 45 поени. 19-годишната Италијанка постави апсолутен рекорд на светските првенства.

фото: FIVB

Италија во четвртиот сет пропушти две меч топки, но не успеаја тогаш да го скршат отпорот на актуелните олимписки шампионки. Во петтиот сет, Италијанките преку Егони ја искористија четвртата меч топка.

Финалето на одбојкарскиот мундијал во женска конкуренција на програмата е утре со почеток во 12:40 часот по средно-европско време. Селекциите што ќе се борат за златниот медал веќе одиграа еден меч на ова светско првенство, на завршниот „Фајнал Сикс“, Србинките славеа со 3:1.

Пред финалето Србија-Италија ќе се одигра натпреварот за третото место помеѓу Холандија и Кина.

Scroll to Top