Новак Ѓоковиќ, вчера го освои Ролан Гарос и влезе во историјата на тенисот. Ѓоковиќ ја освои рекордната 23. грен слем титулата, стана единствениот во историјата на тенисот со најмалку три титули на секој од четирите грен слем турнири.
По победата во три сета над Каспер Руд, Ѓоковиќ реши на еден навивач да му го подари рекетот со кој влезе во историјата.
Рекетот веќе вреди многу пари. Ју-ес опен, го праша Дерен Роуел, експерт за аукции на спортски реквизити, колку вреди рекетот на Ѓоковиќ. доби брз одговор.
„50.000 долари ако го продаде следната недела“, одговорил Роуел.