Конор Мекгрегор во октагонот се враќа на 18 јануари 2020 година. Негов противник во Лас Вегас ќе биде Доналд Сероне.
Оваа борба ќе биде главниот настан на УФЦ 246 во Лас Вегас, иако гледачите ќе можат да ја видат и борбата помеѓу Ентони Петис и Холи Холм.
Влезниците за овој настан се продавале по цена помеѓу 350 и 1000 долари, а биле продадени за само три минути.
Конор Мекгрегор немал борба од октомври минатата година кога на УФЦ 229 доживеа тежок пораз од Хабиб Нурмагомедов.