Поранешниот светски шампион во бокс, Британецот Рики Хетон стана дедо на само 39 години, откако неговиот 17-годишен син Кемпбел доби ќеркичка Лајла Невеа со неговата 16-годишна девојка Кеира Браун.
Според британскиот таблоид „Сан“, Кеира ја криела бременоста поради реакцијата на луѓето, а весникот исто така шпекулира дека 17-годишниот Кемпбел, кој следната година планира да стане професионален боксер, веќе не е во врска со девојката.
Рики Хетон, со популарниот прекар „Хитмен“, е поранешен шампион во велтер категорија познат по квалитетите во рингот, но и со борбата со зависноста од дроги, откако беше сниман како шмрка кокаин. Неговите семејни односи исто така беа на насловните страници на британските весници откако пред шест години реши да ги прекрати односите со неговите родители Рој и Керол поради несогласувања за пари.