Поранешната светска тенисерка број 39., Американката Ешли Харклроуд вели дека последиците од кризата со корона вирусот влијаат на сите, фотографирајќи се гола во својот дом и посочувајќи дека „штеди на облека“.
34-годишната Харклроуд е во тениска пензија од 2012 година и работи како ТВ-коментатор, но останува позната како прва тенисерка која се појави на насловната страница на „Плејбој“ во август 2008 година. Од нејзе се очекуваше многу подобра тениска кариера, откако на само 18 години влезе во топ 40 на ВТА листата, а останува славен и нејзиниот меч против тогашкната 16-годишна Марија Шарапова на Вимблдон во 2003 во „битката на бебињата“.