Top Sport

Екстренерот на Федерер: Ѓоковиќ кога ќе посака игра врвен тенис

Новак Ѓоковиќ почнал да „оди по јајца“ со својот тениски клендар бидејќи секоја грешка на негова возраст може да има сериозни последици за неговата кариера, но и неговото здравје, вели поранешниот тренер на Роџер Федерер, Северин Лути.

Швајцарскиот тренер во интервју за „Блик“ вели дека Србинот има ист талент како и Федерер со тоа што не му се потребни многу подготвителни турнири и што може да го крене нивото веднаш. Лути беше тренер на Федерер од 2007 до неговото пензионирање во 2022 година.

„Знае дека веќе не може да танцува насекаде. Ако направиш грешка на негова возраст, тоа може да има сериозни последици. Ѓоковиќ почна да оди по јајца, но мора да се признае дека начино тна кој ја планира неговата кариера е фантастичен. Покрај тоа, исто како и Роџер во минатото нема потреба да игра многу турнири. Тој е на врвот кога ќе посака. Кога имаш толку долга кариера, мораш да мислиш и на тоа што те радува. Затоа, а него нема проблем да пропушти уште некој турнир“, вели Лути.

Ѓоковиќ утре игра во четврт-финалето на САД опен против 9. носител, Американецот Тејлор Фриц.

Scroll to Top