Top Sport

Елиминации на два фаворита во Токио – Рубљев и Монфис си одат дома

Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори направи изненадување во првото коло на Олимпискиот тениски турнир во Токио. Го елиминираше седмиот светски играч Андреј Рубљев со 2-0 (6-3 и 6-3).

Нишикори, кој е 69. на АТП листата, за 77 минути го „реши“ Русинот и на радост на домашната публика обезбеди второ коло на тенискиот турнир.

Олимпискиот тениски турнир заврши и за 18-тиот на АТП листата, Французинот Гаел Монфис кој загуби од Илија Ивашка од Белорусија (66-ти на АТП). Ивашка со 2-1 беше подобар од Французинот, по сетови 6-4, 4-6 и 7-5.

Александар Зверев, кој е четврти носител на олимпискиот турнир го прескокна првото коло во Токио, откако со убедливи 2-0 (6-1 и 6-3) славеше против ветеранот Јен-Хсун Лу.

Предмалку, пласман во следна рунда обезбеди уште еден фаворит за највисок пласман, Гркот Стефанос Циципас.
Тој за речиси 2 часа игра, со 2-1 (6-3 3-6 и 6-3) славеше против уште еден ветеран, Германецот Филип Колшрајбер.

Scroll to Top