Во тоа што се очекува да биде последен меч во блесквата кариера, рускиот „последен император“ Федор Емелианенко ќе се сретне со Рајан Бејдер во римеч за титулата во тешка категорија на „Белатор 290“ во Калифорнија во февруари, потврди федерација.
46-годишниот Емелианенко долго време чекаше на римеч со Американецот, откако загуби од него во првата рунда во мечот за титулата на „Белатор 2014“ на почетокот на 2019 година. Оттогаш, Русинот имаше две победи во првата рунда, откако го нокаутираше Тим Џонсон во Москва во октомври 2021 година. Газдата на „Белатор“, Скот Кокер сакаше меч во Москва, но поради конфликтот во Украина тие планови беа уништени.
„Сакам меч за титулата и сосема случајно тоа е против Рајан Бејдер. Не беше како што треба последниот пат, така што сега ќе бидам подобро подготвен. Да, тоа ќе биде крај на мојата кариера“, вели Емелианенко, кој има 40 победи во 47 меча.