Top Sport

Енди Мареј без борба го предаде мечот против Ѓоковиќ

Некогашните големи тениски ривали, но и пријатели надвор од теренот, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, нема да го одиграат мечот од осмина-финалето на АТП Мастерс 1000 турнирот во Мадрид. Британскиот тенисер се повлече од турнирот поради болест.

Ѓоковиќ во четвртфиналето го очекува подобриот од мечот меѓу Хуберт Хуркач од Полска и Душан Лајовиќ од Србија.

Мареј и Ѓоковиќ немаат одиграно меѓусебен дуел од 2017 година кога во Доха славеше српскиот тенисер.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');