Енди Мареј доби уште една ќерка, една недела пред да игра со Роџер Федерер во егзибициски меч за добротворни цели во Глазгов. Семејството објави дека сопругата на Мареј, Ким, се породила минатата недела.
„Цело семејство е пресреќно“, изјави бабата на Мареј, Ширли Ерскин.
Двојката веќе има една ќеркичка, Софија, која беше родена минатата година.