Top Sport

Енди Мареј горд што е 838. тенисер на светот!

Поранешниот светски рекет број 1 и повеќекратен гренд слем шампион, Енди Мареј испадна од најдобрите 800 во светскиот тенис и сега е на 838. место на АТП листата зад тенисери како Шинџи Хазава и Јан Сабанин.

Шкотланѓанецот, кој беше број 1 во 2016 година, сепак, гледа позитивно на падот на рејтинг-листата пишувајќи дека е „горд“ на Инстаграм.

Повредата на колкот, која за малку ќе му ја прекратеше кариерата, е главната причина за овој пад на Мареј, кој сега се подготвува за настап на Сити опен во Вашингтон, а планира да игра и на Роџерс купот во Торонто, откако доби вајлд-карта за настап.

Scroll to Top