Трикратниот гренд слем шампион, Енди Мареј открива дека неговата баба еднаш не му зборувала три месеци откако го слушнала како пцуе на тенискиот терен.
85-годишната Ширли Ерскин била толку вонземирена кога го слушнала својот внук како пцуе на јуниорски турнир во Чешката Република. 32-годишниот Мареј вели дека му било многу тешко поради ова, но признава дека и сега не може да ги контролира емоциите на теренот, коментирајќи за однесувањето на Ник Кирјос и неговото непочитување кон ривалите.
„Се сеќавам на тој турнир во Чешка кога имав 14 години, а на трибините беа мојата мајка и мојата баба. Опцув и мојата баба не ми зборуваше три месеци. Постојано молчеше. Но, уште пцујам и не можам да го сменам тоа. Никогаш не сум можел да се однесувам пристојно“, вели Мареј.