Top Sport

Енди Мареј „никогаш“ не би играл тенис во Саудиска Арабија

Поранешниот светски рекет број 1, Енди Мареј тврди дека никогаш не би играл на тениски турнир во Саудиска Арабија по шпекулациите дека тие сакаат да организираат скап турнир во арапското кралство.

Саудиските организатори предизвикаа хаос во професионалниот голф, откако организираа професионална ЛИВ Голф серија, од која дел од ПГА голферите решија да настапат на нивните турнири. Мареј не сака и во тенисот да се повтори овој случај, велејќи дека нема да игра поради загриженоста за човековите правила.

„Пред неколку години организираа егзибициски турнир во Саудиска Арабија и добив понуда да играм таму. Но, јас како и повеќето топ тенисери одбија. Не би одел таму да играм тенис“, вели Мареј, кој требаше да игра со Рафаел Надал на егзибициски турнир во Ријад, пред Шпанецот да се повреди во 2019 година.

Scroll to Top