Top Sport

Енди Мареј за претседател!

Енди Мареј не верува дека ќе има некакви шанси за трофеј на САД опен, но тоа не му пречи повторно да ја покаже својата „чудна“ смисла за хумор.

Посетата на Њујорк тој ја искористи за гостување во Обединетите Нации, каде што не издржа и мораше да се пофали со оваа фотографија, на која се промовираше во претседател на Обединетото Кралство со прашањето: „Колку бргу работите ќе отидат по ѓаволите“.

Сепак, Обединетото Кралство, како што самото име кажува е кралство и нема претседател, туку носител на извршната власт е премиерот. Така што, Мареј може само да сонува. Или да стане претседател на независна Шкотска, која тој ја поддржува.

Scroll to Top