Враќањето на Енди Мареј на тениските терени помина без победнички трофеј, но барем доби посебен подарок – потпишан дрес на Јувентус од Кристијано Роналдо.
Поранешниот светски број 1, Мареј не успеа да биде подготвен за Австралија опен, откако беше позитивен на КОВИД-19, по што реши да настапи на АТП Челенџ турнирот во северна Италија, каде што загуби од Иља Марченко.
„Благодарам на Кристијано за дресот, бидејќи сум навистина голем фан. Не можев да гледам твој меч, но наместо тоа ти пратив еден од моите рекети“, изјави Мареј.
? CRISTIANO RONALDO E ANDY MURRAY
? Scambio di maglie tra campioni#SkySport #Ronaldo #CR7 #Murray #AndyMurray pic.twitter.com/kOvzB1ZJOY— skysport (@SkySport) February 20, 2021