Top Sport

„Енди ти си шампион, не се откажувај“

Голем број на тенисери се јавија со пораки на поддршка за Енди Мареј, кој на прес конференција во Мелбурн најави крај на кариерата. На новинарите Мареј им изјави дека годинешниот Австралија опен веројатно ќе биде негов последен, а се надева дека ќе може да издржи до Вимблдон, а потоа да замине в пензија.

Мареј, неколку пати и со солзи во очите, на новинарите и целата јавност им соопштил со колкави болки живее последните 20 месеци и дека операцијата на колкот не му помогнала да ја санира повредата.

„Енди, ја гледав твојата прес конференција. Те молам, немој да престанеш, продолжи да се бориш. Можам да ја замислам твојата болка и тага. Се надевам дека ќе го надминеш ова. Те сакаме…“, напишал Хуан Мартин дел Потро.

Бугаринот Григор Димитров истакнал дека резултатите на Мареј ќе живеат вечно, додека Харен Хачанов од Русија порачал дека 31-годишникот е голем шампион и пример за сите.

Поддршка на Британецот стигна и од Австралиецот Ник Кирјос и Јужноафриканецот Кевин Андерсон.

Објавата на Мареј дека наскоро ќе ја заврши кариерата ги натера на социјалните мрежи да се огласат и сегашните и поранешни тенисерки, како Ким Клјстерс и Саманта Стосур…

Мари низ солзи го најави крајот на кариерата

Scroll to Top