Top Sport

Ендру Богут: Нашите политичари се неспособни, не би можеле да организираат секс во бордел

Поранешниот репрезентативец на Австралија во кошарка, Ендру Богут, жестоко ги критикува политичарите во земјата, поради одлуката да му ја укинат визата на Новак Ѓоковиќ.

Богут живее во Сиднеј, според она што го напиша на социјалните мрежи, јасно е дека го налутила одлуката Ѓоковиќ да не добије виза.

„Меѓународни медиуми погледнете ја ситуацијата со Ѓоковиќ. Сега можете да видите со што ние се соочуваме и што ни се случува во последните две години. Маска, без маска. Вакцина, не-вакцина. ПЦР тест. Отворени па затворени граници“, пишува Богут и додава.

„Ова е земја полна со неспособни политичари, тие не би можеле да организираат секс во јавна куќа“.

Богут е поранешен прв пик на драфтот, има шампионска титула со Голден стејт Вориорс во 2015 година.

Scroll to Top