Top Sport

ЕП атлетика: Гулиев на светската ја додаде и европската круна на 200 метри (видео)

Светскиот шампион на 200 метри, Турчинот Рамил Гулиев ја освои и европската титула на истата далечина со одлично време од 19.76 секунди, покажувајќи дека е еден од наследниците на Јусеин Болт.

Зад Гулиев, среброто отиде кај Британецот Нетаниел Мичел-Блејк (20.04), а бронзата ја освои Швајцарецот Алекс Вилсон со идентично време.

И во скок со стап, најдобра беше светската шампионка од Лондон од пред една година – Гркинката Екатерини Стефаниди, откако прескокна 4.85 метри, за титула пред својата сонародничка Николате Кирјакопулу (4.80) и Британката Холи Бредшоу (4.75).

Во другите дисциплини, Белорусинката Елвира Херман изненади со триумф на 110 метри со пречки (12.67), Французинот Махиедин Мекиси-Бенабад беше убедлив на 3.000 метри стиплчез, Германија освои злато во копје преку Томас Релер (89.47 метри), додека норвешката сензација Карстен Вархолм ја доби тесната трка на 400 метри со пречки со Турчинот Јасмани Копело.

ЕП АТЛЕТИКА, БЕРЛИН

СКОК СО СТАП (Ж)

1.Екатерини Стефаниди (Грц) 4.85 м

2.Николета Кирјакопулу (Грц) 4.80 м

3.Холи Бредшоу (Бри) 4.75 м

400 МЕТРИ СО ПРЕЧКИ (М)

1.Карстен Вархолм (Нор) 47.64

2.Јасмани Копело (Тур) 47.81

3.Томас Бар (Ирс) 48.31

ФРЛАЊЕ КОПЈЕ (М)

1.Томас Релер (Гер) 89.47 м

2.Андреас Хофман (Гер) 87.60 м

3.Магнус Кирт (Ест) 85.96 м

200 МЕТРИ (М)

1.Рамил Гулиев (Тур) 19.76

2.Нетаниел Мичел-Блејк (Бри) 20.04

3.Алекс Вилсон (Шва) 20.04

3.000 МЕТРИ СТИПЛЧЕЗ (М)

1.Махиедин Мекиси-Бенабад (Фра) 8:31.66

2.Фернандо Каро (Шпа) 8:34.16

3.Јоханес Кјапинели (Ита) 8:35.81

110 МЕТРИ СО ПРЕЧКИ (Ж)

1.Елвира Херман (Блр) 12.67

2.Памела Дуткиевиц (Гер) 12.72

3.Синди Роледер (Гер) 12.77

Scroll to Top