Top Sport

Европски и светски првак во мотокрос загина во лавина

Голема трагедија, во која загина, Рене Хофер (19), се случи во Австрија.

Мото ѕвездата, Хофер, бил во група со 11 други скијачи, кои биле затрупани од лавина. Хофер и уште две лица, не успеале да ја преживеат несреќата.

Спасувачката екипа, нивните тела ги нашла по неколку часовна потрага. Едно лице починало откако спасувачите го пронашле, едно починало на патот кон болницата, додека третото лице било пронајдено четири часа по несреќата.

Не е е наведено кое од овие лица е Хофер.

Рене Хофер бил еден од најдобрите млади, мотокрос возачи во светот, повеќекратен европски и светски шампион.

Од минатат година возеше за Ред Бул КТМ.

Scroll to Top