Top Sport

Ф1 технологијата во велосипедизмот – Кевендиш ќе вози велосипеди дизајнирани од Мекларен

Британскиот спринтер, Марк Кевендиш ќе се приклучи на тимот Бахреин Мерида од 2020 година, потврди тимот кој од следната година ќе соработува со Ф1 тимот на Мекларен.

34-годишниот Кевендиш, кој има 30 етапни победи на Тур де Франс го комплетира импресивниот состав на Бахреин Мерида во кој се Шпанецот Микел Ланда, Холанѓанецот Вут Пелс и Белгиецот Дилан Тојнс.

„Ова е остварување на сон за мене и навистина сум мотивиран. Работев со Мекларен на аеродинамиката во минатото и знам каква технологија имаат. Воопшто не се двоумев“, вели Кевендиш.

Бахреин Мерида е заеднички проект на кралството Бахреин и на Мекларен групацијата, а Кевендиш има искуство со Мекларен, откако во 2011 стана светски шампион на велосипед дизајниран од Мекларен, а исто така возеше нивни велосипед на Олимпијадата во Рио во 2016 година.

Scroll to Top