Top Sport

Фајт победи, Ребенсбург падна, Вон не настапи (Видео)

Австријката Ана Фајт ја забележа првата победа сезонава во Светскиот куп. откако беше најбрза на трката во супервелеслалом во Вал Д’Изер. Ова беше првата победа за Фајт по март 2015 година.

28-годишната Фајт трката ја заврши со време 1:05.77 минути, што за 48 стотинки беше подобро од времето на второпласираната Тина Вајрајтер од Лихтенштајн, додека Италијанката Софија Гоџа зад победничката доцнеше 51 стотинка.

Помалку од секунда зад тројната светска првенка од 2015 година (комбинација, супервелеслалом и спуст) и олимписка шампионка од Сочи (супервелеслалом), задоцнија уште само Лара Гут и Мишел Гризин.

Американката Линдзи Вон, која победи на вчерашната трка, реши да ја скокне денешната трка поради проблемите со коленото.

Во генералниот пласман води Американката Микаела Шифрин со 521 бод, втора со 412 бода е Германката Викторија Ребенсбург, која не ја заврши денешната трка, а на третата позиција е Вајрајтер со 294 бода.

Наредниот викенд во францускиот ски центар Куршевил ќе се одржат трките во велеслалом и паралел слалом.

Scroll to Top