Top Sport

Фармери го блокирале Тд’Ф, полициски солзавец повредил велосипедисти (Фото)

Шеснаесеттата етапа на велосипедската трка „Тур д’Франс“, на кратко била прекината поради големите протести на локалните фармери.

Фармерите со купишта сено го блокирале патот, непосредно, пред велосипедистите да стигна на тој дел од етапата.

Полициските сили ги растерале фармерите користејќи солзавец. Меѓутоа, носен од ветерот солзавецот „стигнал“ и до една група велосипедисти, меѓу кои бил и лидерот Џеран Томас. Неколкумина велосипедисти биле повредени.

foto: epa

Откако полицијата уапсила неколкумина од фармерите што протестирале, етапата продолжила.

Scroll to Top