Хрватскиот ватерполист Лорен Фатовиќ, го освои бронзениот медал со својата репрезентација на Европското првенство. Тој уште еднш се потсетил на неспортскиот потег, кога со тупаница го удри Србинот Филип Филиповиќ, во полу-финалето.
Потегот на Фатовиќ не го забележаа судиите, но тој по освојувањето на брозата најде можност да му се извини на противникот.
„Тоа бе енепотребно. се извинив, сакам уште еднаш да им се извинам на сите. Беѓе тоа ‘жолта минута’. Навистина сакам да им се извинам на сите“, рекол Фатович.
Интересно, ова не беше прв пат хрватски ватерполист на таков начин да се обиде да се пресмета со Филиповиќ. Пред шест години сличен потег направи и Никша Добуд.