Роџер Федерер ќе има шанса враќањето на првото место на АТП листата да го прослави со победа на АБН Амро опен во Ротердам, каде што утре ќе се сретне со бугарскиот тенисер Григор Димитров, човекот кој долго време беше познат како „Бејби Фед“ поради сличноста во играта на двајцата мајстори на рекетот.
Topseed @rogerfederer seals the deal in two sets ??
Federer ?? beats ?? Seppi 6⃣-3⃣, 7⃣-6⃣ and sets up a blockbuster final against Grigor Dimitrov.#abnamrowtt pic.twitter.com/XgRfsqYHOA
— ABN AMRO WTT (@abnamrowtt) February 17, 2018
Федерер го совлада по 14. пат во 15 мечеви италијанскиот ветеран Андреа Сепи, овојпат со 6:3/7:6(3), за да го подобри скорот во 2018 на неверојатни 11-0 и сега да оди на седма победа во седум меча против Димитров.
Димитров пак, влезе во финалето откако при водство од 6:3/0:1 неговиот противник, Белгиецот Давид Гофан се повлече поради повреда и тоа на неверојатен начин – топчето по неговиот обид да врати еден волеј заврши директно во неговото лево око и тој мораше да се повлече, а засега не е познато колку сериозна е повредата.
Ouch! This is scary. Fingers crossed that David Goffin is okay. ? pic.twitter.com/Ssve1ufC6v
— Tennis TV (@TennisTV) February 17, 2018