Top Sport

Фед против поранешниот „Бејби Фед“ во холандското финале

Роџер Федерер ќе има шанса враќањето на првото место на АТП листата да го прослави со победа на АБН Амро опен во Ротердам, каде што утре ќе се сретне со бугарскиот тенисер Григор Димитров, човекот кој долго време беше познат како „Бејби Фед“ поради сличноста во играта на двајцата мајстори на рекетот.

Федерер го совлада  по 14. пат во 15 мечеви италијанскиот ветеран Андреа Сепи, овојпат со 6:3/7:6(3), за да го подобри скорот во 2018 на неверојатни 11-0 и сега да оди на седма победа во седум меча против Димитров.

Димитров пак, влезе во финалето откако при водство од 6:3/0:1 неговиот противник, Белгиецот Давид Гофан се повлече поради повреда и тоа на неверојатен начин – топчето по неговиот обид да врати еден волеј заврши директно во неговото лево око и тој мораше да се повлече, а засега не е познато колку сериозна е повредата.

Scroll to Top