Top Sport

Федерер: Ако не ги освојувам најголемите трофеи, време е за пензија

Роџер Федерер има 37 години и уште е „сила“ на АТП турнејата, и многумина се зачудени од неговата долговечност како активен тенисер и постојаните успеси.

Меѓутоа, годините полека минуваат и самиот Швајцарец вели дека кога ќе почне да биде само „присутен“ на турнирите ќе биде време да се замине.

„Зошто уште играм? Па, го сакам тенисот. Уште се возбудувам и морам да верувам дека можам да ги освојам најголемите турнири, бидејќи ако тоа чувство го нема, тогаш е дојдено времето да се сопре. Не сакам да бидам таму само да се бројам. Но, кога го даваш својот максимум, уживаш на теренот. Додека ме служи телото и семејството ми е среќно, не гледам причина да сопрам“, вели Федерер.

Фото: ЕПА

Scroll to Top