Роџер Федерер уште еднаш покажа грациозност откако освои три награди од АТП за сезоната 2017 во Лондон.
36-годишниот Швајцарец, кој победи на Австралија опен и Вимблдон во 2017, беше именуван за фаворит на фановите, ја освои наградата за кам-бек на годината и наградата именувана по неговиот тренер, Штефан Едберг за најспортско однесување.
Федерер, кој никогаш не ја крие конурентноста на теренот и желбата за победа, сега вели дека би сакал да ја подели наградата со ривалите и пријателите на АТП турнејата.
„Ова беше прекрасна година за мене тоа е сигурно. Имав добри работи на и надвор од теренот. Се обидувам да го претставувам спортот на најдобар можен начин, но јас воопшто не сум единствениот. Има толку многу момци кои се прекрасни на теренот. Би сакал да ги поделам овие трофеи со сите нив, но во исто време сум благодарен што ги добив“, изјави Федерер.